Мајонез од варени жолчки - намаз, прелив за салата, сос (Народен кувар 1976)
Нормално дека сега ќе се чудиме што да правиме со јајцата од празников, ама еве, Народен кувар ми даде неколку идеи. Од немање време почнав со поедноставните, а деновиве ќе ги приготвам и тие за кои што ќе биде потребно повеќе од 10 мин :)
Колку да се разбереме, едвај го изфотографирав ова. Четири рачиња се џапаа да го изедат и им успеа =))
Жолчките испасирајте ги убаво во тањирче или користете блендер. Додадете малку масло 1-2 големи лажици и продолжете со матење. Додадете постепено сок од лимон или оцет и сенфот. Посолете по вкус. Готово е!
Во куварот овој сос е пишан како сос за салата марула. Секое парче марула се потопува во сосот и се става во чинија.
- бојата на оваа фотографија може да е поразлична од таа што ќе ја добиете бидејки користев Домашен оцет и Домашен сенф по рецептот на Албетина.
- како за проба направив количина според мерките во куварот и морам да кажам - МАЛКУ Е!
Слободно пригответе поголема количина, нема да погрешите.
- некако не размислив пред да почнам со подготовка, па како што пишуваше, така работев. Не ми текна да ставам се' во блендер за првиов рецепт. Ќе се добиеше помазна смеса. Вие доколку сакате слободно користете блендер.
Лиценца: Сите права се задржани
едноставното е секогаш убаво :)