И така... чудно малку со мајонез, ама тоа е, таков е рецептот. Нема да се почувствува воопшто вкусот на мајонезот, кој не знае, ќе си ужива без коментар и само ќе се заблагодари на вкусниот чоколаден колач. Така личи како да е чоколаден.
 
- Измешајте ги сите суви состојки убаво, да нема грутчиња од какаото. Додадете потоа мајонезот и водата, измешајте убаво да се целото тоа спои, додадете ванилата и повторно измешајте.
- Излијте во модла бр.22 постелена со хартија за печење и намрснети малку страните на модлата, ставете да се пече на 180 степени претходно загреана рерна. Готова е кога ќе пробате со чепкалка да нема тесто по неа, временски некаде околу 20 мин.
- Извадете и оставете да олади, а за тоа време на пареа растопете чоколадот и маргаринот, залејте го оладениот колач. Доколку сакате декорирајте по своја желба, но и не треба.

Напомена
-Кога ќе го печете колачот сепак внимавајте да не го препечете бидејки при сечењето ќе ви се рони. Треба да остане сочен. Истиот ќе биде по површината напукан, но глазурата ќе ја заврши целата работа.
-Бојата на колачот зависи какво какао сте употребиле. Јас користев чоколадо во прав.
- Чашата со која мерев е од 200 мл.
- Бидејки немам модла бр.22, печев во 24.
- Можете да ги печете и како мафини, но тогаш температурата нека биде 160 степени и пократко време на печење.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани