Се става во длабок сад мелени чајни колачи, млеко, шеќер во прав, маргарин, алми крем, наполитанки мелени, рум штангли винчини и тортиња винчини. Се' се меша со рака, се сучи кора дебела 1 цм и се вадат со мало чавче за ракија кругови. Се оставаат да се стврднат. 

Посебно се мати слатката павлака убаво, се додава изматени 2 јајца со 100 гр шеќер во прав и се меша заедно. Се става во шприц и се става над круговите два три пати извртено околу колачите. Се оставаат убаво да стврднат и се става топена чоколада одозгора. Се ладат и се дегустираат ...мене ми се лесни и вкусни...

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови