Чоколадни декоративни мафини, успешно и брзо изработени од смесата за мафини Фантазија.

Подготовка
1. Мафините ги подготвуваме според упатството на кутијата, па додаваме во смесата рендана кора од портокал. Ги печеме во загреана рерна на 180/160 степени, според тоа каква рерна имате.
2. За тоа време го подготвуваме чоколадниот фил.
3. Слатката павлака ја доведуваме до вриење, ја тргаме на страна и додаваме кршено чоколадо. Мешаме додека да се растопи чоколадото. Смесата ја ладиме малку, па ја матиме со миксер.
4. Откако ќе ја изматиме го додаваме остатокот од слатка павлака во неа и матиме повторно. Смесата малку ќе се волуменизира и ќе се измазни.
5. Ја ставаме во фрижидер да се олади и стегне за да може да ја ставиме во шприц и да ги филуваме мафините.
6. Украсуваме по желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани