Мафини со суви пиперки
Идејава за рецептов дојде многу спонтано кога месев леб за дома па буквално од истото тесто испаднаа овие мафини.
Во садот со млака вода се става квасецот со лажичка шеќер и малку брашно да се активира. Од брашното, солта и надојдениот квасец се замесува средно меко тесто како за леб и се остава на топло место покриено со кујнска крпа да нарасне и да го удвои волуменот.
Веќе нараснатото тесто се размесува и од него се формираат малечки топчиња зависно од тоа во колкав калап ќе ги печете мафините. Убаво се притиска тестото насекаде по ѕидовите на калапите. Потоа во вдлабнатината од тесто се ставаат исечкани парченца чадена сланина, парченца (претходно обарена) сува пиперка и повторно сланина. По желба може да ставите и некое убаво овчко бело сирење.
Јајцата се матат со лажица павлата и од изматените јацја се истура по малку во секој калап. Се печат на 200 степени 15-тина мин.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови