Мафини со спанаќ и сирење
Спанаќот одмрзнете го и исечкајте го.
Сирењето исецкајте го на ситни коцкички.
Брашното измешајте го со пецивото и содата.
Во сад ставете ги јајцата, млекото и маслото и убаво изматете ги со вилушка. Додајте го спанаќот, сирењето и зачините по вкус, внимавајте само на солта ако сирењето ви е солено, доволно сосем малку, прстофат. Измешајте.
На крај додајте го брашното и измешајте ја смесата да се изедначи.
Од смесата ставајте во калап за мафини со хартиени кошнички скоро до горе и ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 степени.
Печете ги околу 30-на минути потоа оставете ги уште 5-6 минути во исклучена рерна.
Од ове состојки ми излегоа 9 мафини.
Оладени послужете ги со крем сирење, јогурт и сл.
Лиценца: Сите права се задржани
Ako ima i drugi prasanja prasajsi, tuka sum kolku ke mozam ke pomognam:))) poz