Мафини со спанаќ и сирење

Состојки
- 270 гр замрзнат спанаќ
 - 120 гр јако сирење
 - 2 средни јајца
 - 100 мл млеко
 - 50 мл масло
 - 150 гр просеано брашно
 - 1 лажиче прашак за пециво
 - 1/2 лажиче сода бикарбона
 - зачини по вкус сол, бибер, рендано морско оревче, кромид во прав, мајоран
 
Подготовка
Спанаќот одмрзнете го и исечкајте го.
 Сирењето исецкајте го на ситни коцкички.
 Брашното измешајте го со пецивото и содата.
 Во сад ставете ги јајцата, млекото и маслото и убаво изматете ги со вилушка. Додајте го спанаќот, сирењето и зачините по вкус, внимавајте само на солта ако сирењето ви е солено, доволно сосем малку, прстофат. Измешајте.
 На крај додајте го брашното и измешајте ја смесата да се изедначи.
 Од смесата ставајте во калап за мафини со хартиени кошнички скоро до горе и ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 степени.
 Печете ги околу 30-на минути потоа оставете ги уште 5-6 минути во исклучена рерна.
 Од ове состојки ми излегоа 9 мафини.
 Оладени послужете ги со крем сирење, јогурт и сл.