19
сеп
2020
Мафини со палента
Едноставни и брзи солени мафини. Прво се матат јајцата со миксер. Се додава сирењето, сувите и течните состојки. Се мати кратко со миксер. На крај се додават семките од тиква. Се полнат модлите за мафини (2/3 од модлите).
Ако ги печете во силиконски модли не мора да се подмачкуваат модлите.
Се печат на температура од 180-200 степени околу 20 минути.
Чашите се од 100 милилитри и од оваа смеса излегуваат 24 мафини.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови