
19
апр
2017
Масло со зачини
Рузмаринот и мајчината душица измијте ги под млаз ладна вода и оставете ги убаво (!) да се исушат.
Во чисто и суво шише ставете го биберот, лукот и зачините, па налејте го и маслото. Затворете го убаво шишето и ставете го на светло место да отстои 2-3 недели. Повремено (секој втор, трет ден) протресете го шишето. Извадете ги зачините, процедете го маслото и ставете го во стаклено шише.
Зачинското масло дава особено добар вкус и се користи во салати, маринади за месо на скара, како и за фино зачинување на зеленчук.