Секоја година мармаладот од модри сливи го правам со мелење на сливите со сè лушпата (претходно измиени и извадени семките). Но, оваа година сливите беа премногу зрели и меки и лушпата, буквално, сама им паѓаше при миењето, па затоа овојпат мармаладот го направив од сливи без лушпа, кои ги изблендирав со стапчест блендер, директно во тенџерето, каде што го варев мармаладот, па поради тоа и бојата на готовиот мармалад е поинаква, но сепак вкусот е загрантиран.

Подготовка -
1. Сливите ги миеме, им ја вадиме семката, ги ставаме во подлабоко тенџере и ги блендираме со стапчест блендер до добивање на мазна структура. Додаваме шеќер по вкус.
2. Мармаладот го вариме на средна температура, до добивање на саканата густина.
3. Теглите ставете ги во загреана рерна на 100 степени, малку да се загреат, па потоа ставете го готовиот врел мармалад во загреаните тегли и убаво затворете ги. Завиткајте ги, за да бидат топли и оставете ги така (најдобро преку ноќ до сабајле).

*Забелешка - Шеќерот се додава во количина која варира од вкусот и самата блажина на сливите. Јас овојпат ставив многу малку, поради тоа што сливите беа премногу зрели и благи. Од оваа количина ми испаднаа 4 тегли.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани