Мармалад од модри сливи и јагоди
Одличен брз мармалад подготвен во домашни услови. Од оваа количина ми излегоа четири тегли.
Подготовка
На сливите им ги одстрануваме семките доколку имате рачен пасатор тогаш не ги мелеме веднаш ги ставаме во поголемо тенџере. Рерната ја вклучуваме на 200 степени и ги ставаме сливите. По половина час го вадиме тенџерето промешуваме и во сливите го ставаме оцетот, повторно враќаме во рерна. Сливите ги вариме уште еден час ги вадиме од рерна. Со рачниот пасатор ги пасираме, додаваме шеќер и по желба додаваме рум или цимет. Од зачините јас не ставив оставив, јагодите и сливите да си ја дадат своја нота на мармаладот. Враќаме во рерна нека се повари уште малку да добие на густина.
Мармаладот го ставаме во добро загреани тегли затвараме и покриваме со топло ќебенце сами да се изладат и теглите да се вакумираат.
Ставете на полици и нека чекаат ладно време за некој ваш креативен рецепт или само намачкан на лепче со топло чајче.
Уживајте!!!
Лиценца: Сите права се задржани