Мармалад од црни (модри) сливи
Моето омилено....
Црни сливи ги мијам, им ги вадам коските, ги мелам.....
Ставам на оган, штом почни убаво да крчка, им ја додавам винската киселина.Цело време се вари на силен оган со постојано мешање.Некаде на половина од готвењето им го додавам шеќерот, а при самиот крај ванилата и малку румче, по вкус.
Вкупно време на подготвување околу 35 мин., или зависно од силата на огнот додека добие убава густина.
Жешко го собирам во жешки тегли, завиткувам во старо ќебе и така да излади.
На здравје!
*Винската киселина прави мармаладот да има многу убава боја!
Лиценца: Сите права се задржани