Модрата слива е едно од овошјата карактеристични за средината на месец август и исклучително популарни кај нас. Навиката за јадење модри сливи е резултат на нивниот добар вкус, но и состав. Ова овошје содржи многу вода, минерали калиум, калциум, магезиум и фосфор, а од витамините најногу има А и Ц. Редовната консумација на сливите помага во отстранување на слободните радикали од организмот, штити од рак на белите дробови и усната шуплина, ја подобрува работата на кардиоваскуларниот систем, а го забавува и стареењето. Придобивките од сливите се многукратни, важно е само да знаета добро да ги одберете. Но за да се ужива во вкусот на свежа слива, време има уште многу малку до почетокот на септември. Која ја нема во свежа состојба таа се консумира во форма на компот, слатко или сушена, но кај нас многу популарна е и т.н. сливовица. Инаку, се претпоставува дека татковина на модрата слива е Кина каде е позната под името Јангли, а на територијата на Европа била позната уште до 1 век. - ова го прочитав за модрата слива, а секако дека не е само ова.. има уште...но да поминам сега јас на рецептот...

ППОДГОТОВКА
1. Измиените модри сливи се сечат, им се вади семката и се мелат или пасираат со стапен миксер.
2. Се става во тенџере добиената кашеста смеса, се додаваат сите состојки, се става на оган, се вари се додека не ја добиете саканата густина.
3. Врел мармаладот соберете во тегли, затворете со капаците.
Уживајте!
Ако оцените дека ќе ви е многу мармалад, тогаш преполовете ја дозата. Од половина доза ке наполните 10 тегличиња од по 350 гр.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани