31
дек
2012
Маркиза торта
1. Маргаринот се бие со шеќерот во прав.
2. Жолчките се бијат над пареа. Изматените жолчки се додаваат во маргаринот кој е избиен со шеќерот. Сето се бие заедно.
3. Чоколадото за готвење го топиме. Го додаваме во претходно подготвената смеса.
4. Млекото малку го затоплуваме (да не биде врело бидејќи многу ќе омекнат бисквитите) и во него го додаваме нескафето или капучиното.
5. Бисквитите ги потопуваме во млекото и ги редиме во табла. Врз нив ставаме фил, потоа пак ред бисквити, фил, бисквити и на крај малку фил. Украсуваме со шлаг.
Лиценца: Сите права се задржани
Decava sakaat vakvi torti pa ke dojde red i na nea :)
pozz i srekni praznici:)