Маринирано свинско месо
Месото што планираме да го печеме наредниот ден го сечеме на тенки парчиња претходната вечер.
Правиме маринада од потребните состојки. Се заедно промешуваме. Секое парче месо го премачкуваме од двете странии го редиме во подмачкан плех со зејтинот. Кога ни се наредени сите парчиња го покриваме плекчето со алуминиумска фолија и го оставаме да преноќи во фрижидер.
Пред да го ставиме на печење ја додаваме водата насекаде по малку.
Со фолија добро го покриваме од сите страни плекчето и ставаме да се пече месото на околу 150 - 170 степени околу 2 часа. Пред крајот на печењето ја тргаме фолијата околу 5 минути малку да се зацрви месото. Кога е испечено месото можеме да го гарнираме со прилог по желба со печени компири, во мојот случеј салата. Маринираното месо е многу кревко и секако вкусно.Се надевам дека ќе ви се допадне вкусот.Ви посакувам пријатен и вкусен ручек.
Лиценца: Сите права се задржани