Маринирани пилешки гради со сладок компир
1. Во блендер се ставаат сите состојки од маринадата освен маслиновото масло и рузмаринот. Состојките се блендираат колку да се соединат состојките, значи да не се добие компактна кашеста смеса.
2. Тавата се попрскува малку со маслиново масло, се редат пилешките гради. Одозгора се полеваат со маринадата (месото треба добро да се покрие), па се наросува рузмарин. Се пече во рерна околу 40 мин. на 200-220⁰С.
3. Компирите се лупат и се сечат на долгнавести парчиња. Се ставаат во сад, па се додава маслото, циметот и сол. Убаво треба да се протријат со рака. Компирите се редат на тава врз хартија за печење. Треба да се внимава при печењето, бидејќи брзо ќе бидат готови.
Пријатен ручек!!!!!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Морам да дополнам дека во состојките за маринада дека се испуштени
• сок од 3 лимона
• сол, бибер, рузмарин