Манџа со месо и зеленчуци
За припремање на ова јадење денес користев замрзнати намирници. Зеленчукот најпрвин го сецкаме на ситни парчиња. Го пржиме кромидот додека да зарумени и го додаваме месото, зачините и прпржуваме десетина минути. Потоа го додаваме и ситно исецканото лукче и зеленчукот и заедно пржиме на потивок оган. Во мегувреме го раствараме брашното со водата и го додаваме во манџата заедно да проврие. Вариме додека да се згусти околу дваесетина минути. Јас овојпат не ставив печурки, може да додадете и компир исецкан на ситни коцки. Како додаток може да си додадете и кисела павлака,а и не мора и така е вкусно. Добар апетит.
Лиценца: Сите права се задржани