Манџа со месо и зеленчуци
Состојки
- 700 грама мелено пилешко месо или по желба
- 5 лажици зејтин
- 1 лажица сол
- 1 лажица вегета
- 300 грама шампињони или друг вид печурки
- 2 парчиња модар печен патлиџан
- 3 печени пиперки
- 7 поголеми патлиџани
- 2 глави кромид
- 7 чешниња лук
- 250 мл кисела павлака
- 2 лажици брашно
- 100 мл вода
Подготовка
За припремање на ова јадење денес користев замрзнати намирници. Зеленчукот најпрвин го сецкаме на ситни парчиња. Го пржиме кромидот додека да зарумени и го додаваме месото, зачините и прпржуваме десетина минути. Потоа го додаваме и ситно исецканото лукче и зеленчукот и заедно пржиме на потивок оган. Во мегувреме го раствараме брашното со водата и го додаваме во манџата заедно да проврие. Вариме додека да се згусти околу дваесетина минути. Јас овојпат не ставив печурки, може да додадете и компир исецкан на ситни коцки. Како додаток може да си додадете и кисела павлака,а и не мора и така е вкусно. Добар апетит.