30
јун
2012
Мамино бухтле
Замесите тесто од 600 гр. брашно, 2 лажички сув квасец, 2 лажички шеќер, 1/4 лажичка сол, 1 јајце, 1 жолтка, 260 мл. млако млеко, 1 лаж. стопен маргарин и рендана коричка од 1 портокал
Нека стаса покриено. Кинете топчиња како тениско топче, расплескајте го во рака, наполнете со пекмез или чоколада или мармалад или кремче и завиткајте го пак како топче. Тоа топче увалкајте го во стопен маргарин и редете во подлабоко плехче се додека имате тесто. Печете на 180 степени додека порумени. Ладно посипете го со прах шеќер
Лиценца: Сите права се задржани