Кокосот, шеќерот и локумот добро се месат со додавање на лимоновиот сок.
Се додаваат бојата и екстрактот и се обликуваат малините и се валаат во шеќер кристал.
Од зелената боја се сечат триаголничиња, како емитација за ливчиња и се ставаат горе со помош на чечкалица.
Напомена
Локумот треба да е пресен (не како мојот од продавница), бидејќи смесата нема рамномерно да се распореди, па ќе биди помека. Во мојот случај за да ја спасам додадов мелени бисквити.
Пријатна дегустација!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови