Мали триаголници од хељдини кори и фил од зелка, праз, суџук
1. Прво во еден сад ги ставаме маслото и маста, па ја додаваме исцедената зелка. Пржиме околу 40 минути. Потоа го додаваме сецканиот праз, пиперките и пропржуваме. Зачинуваме по вкус па го додаваме суџукот.
2. Сега хељдините кори ги делиме на половина. Во моето пакување имаше 15 кори, значи добив 30 парчиња. Виткав триаголничиња и мали ролнички. Во ролничките некако ми собираше повеќе од филот. Изборот е ваш, може да се реди кора, фил, кора, фил....
Доколку не го користите овој фил, ако се стави сирење, јајца, пица фил, тиква , тогаш во кашичката за премачкување ставете 100 мл масло.
3. Во еден сад ги соединуваме состојките за филот, јајцата, солта, маслото, киселата вода , јогуртот, пецивото. Сега ја земаме првата половинка кора, со четка ја премачкуваме од кашичката, во средината ставаме 1 лажица од филот, преклопуваме од двете страни и виткаме ролничка како на сликата. Или ја земаме првата кора , со четка ја премачкуваме со кашичката, ја превиткуваме на половина по должина, на крајот ставаме фил и виткаме триаголниче. Така постапуваме со целиот мастраф. Со остатокот од кашичката ги премачкуваме по малку и одозгора. Ги попрскуваме со семиња по наш избор. Печеме околу 25 минути во загреана рерна.
Послужуваме топли.
Лиценца: Сите права се задржани