30
окт
2015
Макарони со сланина и крема од карфиол
Во поголема количина солена зовриена вода ставете ги макароните да се варат.
Ставете го и карфиолот да се потсвари(сосема малку 10-тина минути на среден оган).
Во тава на оган ставете ја сланината да се пропржи(пржете ја само во мрснотијата што ја пушта самата сланина).
Обарениот карфиол изблендирајте го со малку од водата во која се варел, граната и малку црн бибер.
Во тавата со пржената сланина додајте ги сварените макарони и кремата од карфиол.
Измешајте убаво и послужете се.
Лиценца: Сите права се задржани