Брз, вкусен, прилагоден по мој вкус оброк, а тврдам дека е вистинско уживање за љубителите на тестенини и праз.
1. Макароните (формата е по ваш избор), сварете ги според упатството, исплакнете ги со ладна вода и исцедете ги.
2. Измиениот праз исечете го на кругови, ставете го во тавче, посолете, додадете масло и малку вода, пржете го, а кога ќе испари водата ставете црн пипер и пржете уште малку.
3. Сега додадете го белото вино и пржете додека да испари.
4. Потоа ставете ја киселата павлака и мешаниот сув зачин, мешајте на тивок оган.
5. На крај во ова ставете ги макароните, промешајте се`заедно уште некоја минута, ставете го сечканиот магдонос и послужете додека е топло.
Забелешка
* Наместо кисела павлака може да се стави и павлака за готвење.
* По вкус може да се стави пармезан, кашкавал, некое друго сирење...
* Белото вино не е задолжително, но му дава посебен вкус на јадењево.

(511)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани