Макарони со пилешко во сос од спанаќ
Се надевам дека ќе ви се допаднат, повелете рецепт.
Подготовка
1. Макароните ги вариме на вообичаениот начин или по упатството на кесичката.
2. На масло го пржиме месото, исечкано на многу ситни коцки па го зачинуваме по вкус.
3. Го тргаме на страна, а во истото масло (ако нема доволно доставаме) го ставаме сечканото лукче да пушти мирис. Ги ставаме киселото млеко, киселата павлака и сувиот спанаќ да се соединат, кратко да провријат. На крајот ги додаваме зачините и ренданиот кашкавал.
4. Прженото месо го ставаме во варените макарони и залеваме со подготвениот сос. Промешуваме и ручекот ни е спремен. На здравје!
Забелешка
Можеби ќе ви се види многу течна смесата, ама кога ќе се соедини со макароните, ќе згусне и ќе се залепи за тестенините.
Формата на макароните нека ви е по желба и вкус.
Лиценца: Сите права се задржани