14
апр
2014
Макарони со печурки и колбаси
Во плехче 25х35 см. намрсено ставете половина од макароните, потоа ставете ги претходно сечканите печурки и исечканите колбаси на парчиња, дотурете ја останата половина.
Во сад изматете ги јајцата со солта, додајте ја киселата павлака и јогуртот и измешајте.
Со смесата прелијте ги макароните. Одозгора изрендајте кашкавал.
Ставете ги да се печат во загреана рерна на 250 степени околу 15-20 мин. додека заруменат.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови