Испечати

Макарони со печурки и колбаси

Макарони со печурки и колбаси

Состојки

  • 700 гр. макарони(сварени,исцедени и зачинете)
  • 300 гр. саламурени шампињони
  • 100 гр. колбаси по ваш избор
  • 4 јајца+сол по вкус
  • 250 мл. кисела павлака
  • 250 мл. јогурт
  • 200 гр. кашкавал

Подготовка

Во плехче 25х35 см. намрсено ставете половина од макароните, потоа ставете ги претходно сечканите печурки и исечканите колбаси на парчиња, дотурете ја останата половина.
Во сад изматете ги јајцата со солта, додајте ја киселата павлака и јогуртот и измешајте.
Со смесата прелијте ги макароните. Одозгора изрендајте кашкавал.
Ставете ги да се печат во загреана рерна на 250 степени околу 15-20 мин. додека заруменат.