Магична салата
Салатава е едноставно магична. Ќе ви ги разбуди сите сетила. Сосем случајно настаната во мојата кујна, од состојки, кои беа во моментот во фрижидер. Уживав.
1. На дното на тањир за сервирање ги ставаме ситно сецканите листови марула и спанаќ.
2. Додаваме зрна калинка, свежа краставица, сецкан млад кромид, маслинки, филети портокал.
Промешуваме. Посипуваме со тостиран сусам.
За дресинг:
1. Сите состојки ги ставаме во нутрибулет и соединуваме.
2, Добиениот дресинг го процедуваме низ цедалка, за префинет изглед, што и не е задолжително. Прелеваме врз салатата.
3. Белото сирење го сечeме на коцки, го валкаме во брашно и го пржиме да зарумени. Го ставаме врз салата. Ги поставуваме четвртинките варено јајце. Сервираме и уживаме во избалансираниот вкус на состојките.
Лиценца: Сите права се задржани