Магична салата
Состојки
- 3 листа марула
- 1 грст исчистени листови спанаќ
- 1/2 свежа краставица
- 2 млади кромитчиња
- 1 варено јајце
- 5,6 суви црни маслинки
- Зрна од пола калинка
- Филети од половина портокал
- 2лажици тостиран сусам
- 100гр бело сирење и малку брашно
- Дресинг 1/2 портокал 2лажици маслиново масло 2 лажици балсамико оцет 1 цм ѓумбир Сол бибер
Подготовка
Салатава е едноставно магична. Ќе ви ги разбуди сите сетила. Сосем случајно настаната во мојата кујна, од состојки, кои беа во моментот во фрижидер. Уживав.
1. На дното на тањир за сервирање ги ставаме ситно сецканите листови марула и спанаќ.
2. Додаваме зрна калинка, свежа краставица, сецкан млад кромид, маслинки, филети портокал.
Промешуваме. Посипуваме со тостиран сусам.
За дресинг:
1. Сите состојки ги ставаме во нутрибулет и соединуваме.
2, Добиениот дресинг го процедуваме низ цедалка, за префинет изглед, што и не е задолжително. Прелеваме врз салатата.
3. Белото сирење го сечeме на коцки, го валкаме во брашно и го пржиме да зарумени. Го ставаме врз салата. Ги поставуваме четвртинките варено јајце. Сервираме и уживаме во избалансираниот вкус на состојките.