Магична торта
Превкусна магична торта. Магична е бидејки од една смеса се појавуваат три слоја во тортата и изгледа фантастично.
Белките се делат од жолчките. Се матат белките во цврст шлаг и му се додава малку алкохолен оцет. Настрана жолчките се матат со шеќерот и ванилата додека убаво не се изматат и да се стопи целиот шеќер. Путерот се топи и се остава да се излади. Изладениот путер му се додава на жолчките и се мати, потоа се додава и брашното, се мати додека не се изедначи смесата. Потоа се додава млако млеко малку по малку и повторно се мати со миксер. На оваа смеса се додаваат изматените белки мешајки со дрвена или силиконска лажица пополека, да не останат грутки од белките.
Се става во намрсено тавче (помало 23Х23 е доволно) се печи во загреана рерна на 165 степени околу 40-50мин зависи од рерната, додека не добие одозгора убава златна боја. Кога ќе фатите со прстот да има коричка одозгора, а внатре да е меко. Се остава да се излади, па се наросува со шеќер во прав и се сечи на коцки.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
http://moirecepti.mk/post/%D0%BF%D0%B0%D0%BC%D0%B5%D1%82%D0%B5%D0%BD-%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B0%D1%87