Лумблија е традиционален колач кој се подготвува на Корчула, во Вела лука. Имав прилика да го дегустирам кај газдарицата на Корчула и ме воодушеви. Овој колач се спрема во спомен на оние кои не се меѓу живите. Името доаѓа од францускиот збор ne l’umblie pas", т.е не ме заборавај.

Подготовка:

1. Во малку топла вода ставме квасец, лажиче брашно, лажиче шеќер. Промешуваме и оставаме да се активира.
2. Сувото грозје го миеме и го потопуваме во ракија или рум. Бадемите кратко ги запекуваме и ги сецкаме крупно.
3. Во еден сад ставме квасец, зачини, сол, остаток на шеќер, маџун, бадеми, суво грозје, маслинво масло. Постепено додаваме вода и брашно и замесуваме мазно, по малку и лепливо тесто. Го покриваме со фолија и го оставаме тестото1 час на топло место.
4. Го делиме тестото на 5-8 топчиња кои ги формираме. Ги редиме на плех.
5. Нека одморат 10 минути, па ги печeме во загреана рерна на 180 с, убаво да поруменат. Кога се млаки со четка одозгора ги премачкуваме со малку маџун. Наросуваме малку кафеав шеќер

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани