Бисквит
Во сад за матење се ставаат 4 белки и пенасто се матат. Се става еден прстофат сол за да се добие посакуваната цврстина. Потоа се додава шеќерот и ванилиниот шеќер. Се додава водата и маслото и се мати. Потоа се додава брашното, какаото и пецивото и лесно се промешува со жица за матење. Се пече во округол калап, обложен со мрсна хартија за печење. Калапот со пречник 29 цм. Се пече 25 мин на 180 степени.

Крем
Изматете ги со миксер жолчките со шеќерот и додадете го прашакот за пудинг и малце млеко за да се раствори. Остатокот од млекото се загрева до вриење и во него пополека со постојано мешање се додава смесата со пудинг и жолчки. Смесата многу брзо се згуснува, така да многу малце треба да се меша на оган одкако ќе се спојат состојките. Во сето ова се додаваат и чоколадите и потоа се остава да се олади до крај, а садот се прекрива со фолија за да не фати кора кремот.
Одкако ќе се олади скроз, се мати слатката павлака пенасто. Потоа со лажица се додава во кремот и се промешува (не се мати со миксер!).

Глазура
Слатката павлака се загрева на тивок оган и во неа се додаваат скршените чоколадни коцки и се меша постојано. Кога ќе се добие хомогена смеса се трга од оган.

Редење на тортата

Оладениот бисквит се става во округол калап со обрач. Врз бисквитот се става сокот од вишни и рум. Потоа се редат вишните одстојани во рум. Врз нив се става кремот. На крај се полева со 2/3 глазура, а 1/3 се остава да се олади. Направената торта најубаво е да одстои преку вечер во фрижидер за да состојките попримат. Утредента се одстранува обрачот од тортата и се филува по желба со остатокот од глазура.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови