Овој рецепт дома го спремаме многу често, зашто многу лесно се спрема, а добивате супер вкусна и сочна риба.

За спремање на овој рецепт може да користите свеж или смрзнат лосос. Поубав е кога се прави со свеж лосос, но во случајов јас го спремав со смрзнат, таков имав во моментов.

Тавчето за печење го премачкуваме со маслиново масло, па го ставаме исецканиот магдонос и врз него ги ставаме кременадлите лосос, претходно зачинети по вкус ( сол, рузмарин и лук). Врз лосот ставаме по едно - две парчиња ананас. Вака спремениот лосос го печеме 30-35 минути.

Испечениот лосос може да го послужите во комбинација со пире компир, помфрит, ориз или некоја салата.

Пријатен апетит!

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови