За љубителите на риба како мене ова е навистина брз начин на подготовка на лосос, а во меѓувреме додека се прави тој вие можете да пиете и кафенце хехе

1. Лососот го ставаме во пластичен сад, ги додавам сите зачини, и го оставаме да стои околу 3,4 часа.

2. Откако ќе се впијат убаво зачините во тава ставаме хартија за печење, додаваме маслиново масло, сечеме убави кругови од лимонот, ја завиткуваме убаво хартијата и го ставаме да се пече во загреана рерна околу 30на минути. Откако ќе биди готов само 5-6 минути го оставаме малку да се потпечи, и веќе е готов за јадење.

На ваков начин зготвен лососот е многу вкусен и сочен.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови