Интегрални лиснати пица погачици
Во млакото млеко се става шеќерот и раздробената коцка свеж квасец. Кога ќе нарасне се додава мелениот лен, солта, постепено се додава брашното, маслото и прашокот за пециво и се замесува тесто. Тестото треба да биде помеко, но не треба да се лепи на прстите, не се меси премногу за да не стане жилаво. Се остава да кисне околу 1 час да нарасне двојно.
За тоа време се подготвува преливот од омекнатиот маргарин и двете жолчки. Се посолува. Тестото се размесува и се дели на 4 топки. Првата топка се расукува во правоаголна кора и се премачкува со маргаринот и жолчката. Врз неа се става втората расукана кора, исто во правоаголник и се премачкува со смесата од маргарин и жолчка.
Истата постапка се повторува и со третата кора, а четвртата се расукува и се премачкува со кечап, се наросува оригано, урда, рендан кашкавал и парчиња свински врат. ( По желба може да се додадат печурки, маслинки...).
Вака подготвените кори се завиткуваат во ролат. Ролатот се сечe на пола. Потоа двата ролати се сечат цик, цак на триаголници и се редат во подмачкан со маргарин плех. Се оставаат да одстојат уште 15 минути и се премачкуваат со белките. Се наросуваат со сусам, сончоглед и лен и се ставаат да се печат во загреана рерна околу 30 минути на 220 степени. Добар апетит!
Ви препорачуваме овој рецепт да го подготвите со Сет тави за пица
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови