Предлог рецепт за погача со путер и сирење...

Подготовка
1. Со млако млеко замесуваме тесто од сите наведени состојки па го оставаме да се дуплира, да стаса.
2. Откако ќе стаса го размесуваме и го делиме на 8 топчиња. Две топчиња треба да ни бидат малку поголеми од останатите шест. Најпрво ги расукуваме поголемите, тие ќе ни бидат основа.
3. Путерот го делиме на 4 дела, па првот дел го рендаме на првата кора, а врз него ја ставаме втората расукана кора. Сега внимателно од споениве кори, за да не ни истече путерот, расукуваме кора поголема од тавчето бр. 26 во кое ќе ја печеме погачата, да ни виси од страниците на тавата.
4. Останатите кори ги расукуваме во големина на дното на тавчето. На долната рендаме путер па поклопуваме со втората кора.Така ќе добиеме уште три кори.
5. За филот соединуваме јајце, дробено или рендано сирење и кисела павлака.
6. Помеѓу споените кори ставаме од филот. Значи редот е долна поголема кора-фил-кора-фил-кора-фил-кора. Ја префрламе погачата во тава или редењето го правиме директно во тавчето.
7. Правиме витка од последната кора врз сите наредени кори, премачкуваме со јајце и наросуваме со сусам.
8. Оставаме 10-15 минути да стаса, па ја печеме во загреана рерна на 190 степени.
9. Откако ќе се испече ја оставаме да излади па ја сечеме на парчиња.

Забелешка
Ако сакате погачата да е потенка печете ја во поголемо тавче. Внимавајте да ви се испече убаво бидејќи е баш дебелка. Ако ви потемнува при печење, а тоа зависи од рерната, тогаш покријте ја со хартија за печење и продолжете додека да се испече.
Тавчето ако е Делимано само малку го намрсуваме со путер пред да ги редиме корите.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани