Превкусна декоративна погача, топло ви ја препорачувам....))))

Се замесува средно меко тесто од наведените состојки со претходно активиран квасец.Кога убаво ќе се измеси, се остава да дуплира волумен, па се обликова.
Обликовањето полесно се уочува од фотографиите.

Тестото се дели на 3 дела, два поголеми, еден помал-за в средина.Двата дела се делат на по 5 топчиња.Се расукуваат,премачкуваат со маргарин,последното не,се редат едно врз друго.Се сечи на 8 дела и се формираат делчињата.Секој триаголник се засекува како на фотографијата и се витка кифла.
Се редат во тава бр.34.

Исто се изработуваат другите 5 топчиња, се расукуваат, премачкуваат со маргарин, се редат едно врз друго.Се сечат на 8 дела.Секој триаголник се расекува на средина и врвот се свиткува кон работната површина, се провира низ засекот и се повлекува нагоре.Се редат како втор ред.

Средишниот дел се отвора како правоаголник,се премачкува со маргарин, се расекува на едната страна и се витка во круг како полжавче.Се става во средина на тавата.

Се остава оформената погача да надојди од 30-45 мин., се премачкува и се става да се печи во загреана рерна.Најпрво на 220 да фати боја, а после се намалува на 180, вкупно време околу 50 мин., но имаме во предвид дека секоја рерна различно.
После 15 мин.,можи да се отвори рерната и покрие со алу фолија.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани