Подготовка:

1. Спанаќот измијте го и искинете го на парчиња. Ставете го во тава на оган и штом испари водата што ќе ја пушти тргнете од оган и оставете да се олади.

2. Бешамел - Во касерола ставете го путерот да се растопи. Додајте го брашното и пропржете. Додајте го млекото и мешајте додека се згусти. Посолете и наросете бибер. Откако бешамелот ќе подолади, додајте го спанаќот и грана сирењето. Измешајте.

3. Во округол калап обложен со хартија за печење ставете го лиснатото тесто. Избоцкајте го со вилушка. Нанесете го полнењето од бешамел и спанаќ. Краевите од тестото подвиткајте ги и посипете со малку ленено семе. Печете на 200 степени, 30-35 минути.

Забелешка: Пред да ја сервирате оставете малку да подолади. Кај мене се гледа дека не беше убаво оладена. За поубав пресек осавете да подолади.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани