Лиснат Тутманик - погача (со урда)
Овој рецепт за оваа лисната, мека и превкусна погача, според рецептот кој ми го има дадено една пријателка важи како еден од традиционалните бугарски рецепти. Како и да е, сепак вреди да се направи и да се ужива во нејзиниот вкус, превкусно е, и топло ви го препорачувам да го направите за некој ваш повод или можеби за предстојниот празник Велигден.
Подготовка
1. Во садот кај што ќе месиме ги ставаме состојките во редослед како што се наведени, замесуваме меко, глатко, нелепливо тесто.
2. Тестото се остава да стаса (во намрсен сад, и одозгора го намрсуваме), додека да го дуплира волуменот. Потоа го делиме на 4 исти дела. Од секој дел расукуваме кора со дијаметар од 30 цм (бидејќи ќе се пече во тавче број 30).
3. Сите 3 кори се премачкуваат со путер (на собна температура), па ставаме насекаде рамномерно од урдата, и ги редиме една врз друга. Завршуваме со 4-та кора, која не се премачкува со путер.
4. Сега наредените една врз друга 4-ри кори, со рацете ги расплескуваме во големина со дијаметар 30 цм (бидејќи делумно се смалени), па ги сечеме на 6 еднакви ленти (од по 5 цм). Почнувајќи од најмалата, ја завиткуваме спирално и ја ставаме во тавчето (обложено со хартија за печење). Продолжуваме на истиот начин со наредната лента и така до крај. Формираниот тутманик се покрива за да не се исуши, и го оставаме да стаса.
5. Потоа го премачкуваме со жолчката и млекото, и го ставаме да се пече во загреана рерна на 180 степени до заруменување. После печењето, премачкуваме со путер. Покриваме малку да олади, па послужуваме додека е топло.
Забелешка - Пожелно е сите состојки да бидат на собна температура.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани