Можеби најекспонирани празнични божиќни колачиња се австриските линцери за кои постои основен рецепт меѓутоа како и за се друго постојат и многу варијации на тема.Оваа варијанта на линцери е една од подобрите, секако дека лешниците си го прават своето.
Со миксер се матат путерот, јајцето, шеќерот и ванилата.
Потоа се додаваат сите суви состојки и се замесува мазно тесто.
Покријте со стреч фолија оставете тестото да одмори во ладилник најмалку два часа.
Тестото се развлекува во тенка кора од која со модла се вадат форми и на секоја втора се прави дупче.
Се печат во загреана рерна на 180 степени околу 10 минути.
Колечињата се мачкаат со мармалад(кај мене од кајсии) а другиот дел со дупче обилно се наросува со шеќер во прав и со него се преклопува колачето со мармалад.Постапката се повторува.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови