Секое време носи свои убавини,така и оваа зима. Да ви затрепери срценцето, да ви зоврие крвта и загрее душата, направете си го овој преубав пунч. Го задржав оргиналното име. Да не преведувам секогаш ликер од јајце.

Подготовка:

1. Во длабок сад помешајте ги белото вино и ликерот. Додајте ја ванилата и шеќерот, па измешајте.
2. Полнете ги чашките малку повеќе од половина, па дополнете со ладно матена слатка павлака. Зачинете со цимет во прав и стапчиња цимет. Јас нанижав и сува брусница како декор.
На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови