Ликер од јајце (Eierlikör-Punsch)
Состојки
- 700 мл ликер од јајце
- 700 мл бело вино
- 75гр шеќер
- 1паковка бурбон ванила
- 200мл слатка павлака
- За декорација
- 3-4 цимет стапчиња
- 1/3лажиче цимет во прав
- 100гр сува брусница
Подготовка
Секое време носи свои убавини,така и оваа зима. Да ви затрепери срценцето, да ви зоврие крвта и загрее душата, направете си го овој преубав пунч. Го задржав оргиналното име. Да не преведувам секогаш ликер од јајце.
Подготовка:
1. Во длабок сад помешајте ги белото вино и ликерот. Додајте ја ванилата и шеќерот, па измешајте.
2. Полнете ги чашките малку повеќе од половина, па дополнете со ладно матена слатка павлака. Зачинете со цимет во прав и стапчиња цимет. Јас нанижав и сува брусница како декор.
На здравје.