13
дек
2015
Ликер од дуњи
Арома на дуња...зима! :)
Не очекував дека овој ликер толку ќе ми се допадне. Вистински вкус на дуња. Циметот не го изоставувајте, феноменално се вклопува.
Дуњите избришете ги. НЕ ги мијте. Исецкајте ги на тенки парчиња и прелејте ги со ракија.
Треба да стои 50 дена (ова е досадниот дел)
По истекот на тие 50 дена, време е за сирупот.
Шеќерот, водата и стапчето варете ги додека не запени. (подолго време да врие)
Ладниот сируп измешајте го со процедената ракија.
Се чува во стаклени шишиња.
Лиценца: Сите права се задржани
така и јас, правам ликери, ги пробувам, ама не ми текнува да ги пијам :D :D :D :D
си бара друштво, па... повелете да ве изалкохолизирам :D :D :D :D