Испечати

Ликер од дуњи

Ликер од дуњи

Состојки

  • 1 кг дуњи
  • 1 литар ракија
  • За сируп
  • 350 гр. шеќер
  • 250гр вода
  • 1 стапче цимет

Подготовка

Арома на дуња...зима! :)
Не очекував дека овој ликер толку ќе ми се допадне. Вистински вкус на дуња. Циметот не го изоставувајте, феноменално се вклопува.

Дуњите избришете ги. НЕ ги мијте. Исецкајте ги на тенки парчиња и прелејте ги со ракија.
Треба да стои 50 дена (ова е досадниот дел)
По истекот на тие 50 дена, време е за сирупот.
Шеќерот, водата и стапчето варете ги додека не запени. (подолго време да врие)
Ладниот сируп измешајте го со процедената ракија.
Се чува во стаклени шишиња.