Лешник полумесечинки
Пред се вкусни и декоративни колачиња.
Еве уште еден мој предлог за ситни колачи, во кои јас навистина уживам да ги подготвувам, а богами и да ги консумирам.
Најпрво во сад за сос на делимано ставете ги слатката павлака и темното чоколадо на тивко на оган да се изедначат, со повремено мешање.
Се додаваат мелените и потпечени лешници и бисквитите.
Убаво со рака сето се измесува.
Добиената смеса може да се нанесе на даска за колачи, во силиконско правоаголно калпче на делимано, во ватростален сад...Изборот е ваш.
Сега на тивко исто во сад на оган се ставаат карамелите и слатката павлака да се соединат.Кога убаво ќе се изедначат добиената смеса се истура врз основата.
Над пареа се растопува темното чоколадо и се прелива врз стегнатиот карамел.
Се остава колачот убаво да се стегни.
Потоа со помош на калапче се вадата полумесечинки и се декорираат со точки од растопено бело чоколадо.
Лиценца: Сите права се задржани