24
сеп
2020
Летно смути со грозје, лубеница и лимон
Прееекрасен вкус, ова утро со сезонско овошје...
Пробајте ја оваа комбинација.
Мед воопшто не додадов, бидејќи грозјето беше преслатко
Го разблажив со лимон и лубеница.
Во чашата на нутрибулет ги ставаме зрната грозје, лимонот, лубеницата, исчистена од семки и ѓумбирот.
Соединуваме убаво се
Додаваме ладна вода и промешуваме.
Течноста јас ја поминав низ цедалка, што и не е задолжително.
Сервирав во 2 чаши и одма консумиравме.
Лиценца: Сите права се задржани