Лубеницата ја чистиме од семките, ја сецкаме на коцки.
Праската ја лупиме и ја сецкаме на резанки.
Дињата ја чистиме од кората, семките и ја сецкаме.
Во садот на нутрибулет ги ставаме лубеницата, дињата, праската, сокот од лимон, коцките мраз.
Соединуваме некоја секунда.
Сервираме во две чаши и послужуваме.
По желба во овој освежителен летен пијалок може да се додаде мед, агаве, јаворов сируп....

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани