22
јул
2017
Летно мезе со модар патлиџан и толчени ореви
1. Прво на стандарден начин ги печеме пиперките и црниот домат. Ги оставаме околу 30 минути во најлонска кеса, па потоа ги лупиме. Ги оставаме во цедалка да се исцедат од вишокот на течност, околу30 минути.
2. Во еден сад ги ставаме сецканото лукче, магдонос, маслиновото масло, сол, бибер,толчените ореви. Убаво промешуваме.
3. Сега во процесор или Нутрибулет ги ставаме испечените и лупени пиперки и црн домат. Кратко миксираме. Оваа смеса ја додаваме кај веќе подготвените додатоци.
4. Убаво соединуваме, сервираме во чинија и оставаме во фрижидер на 30 минути.
Послужуваме со добар аператив
Лиценца: Сите права се задржани