Освежителен десерт, убавина. Ем здраво, ем убаво.

Подготовка:
1.Во стаклен сад ставете ја чиата, а потоа и овесните снегулки помешани со лушпите од лимон. Јас прво настарана ги замешав да може да не биде киселкасто само на едно место. Да се размешаат заедно со овесните снегулки.
2. Потоа го додавам медот и лесно промешувам. Врз нив ги ставам замрзнатите малини.
Млекото го зовривам и ги попарувам состојките. Благо, полека промешувам.
3. Оставам да отстои околу 15 минути да се спои вкусот и да набабри чиата. Имате преубав летен десерт.
На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови