Летна манџа со мелено месо
Топло време, време за некоја лесна чорбичка. Еве еден предлог од мене,
Подготовка:
1. Во кацерола на оган се става маслото, па се додава пиперката, компирот, лукот и кромидот, кои ги исецкавме претходно. Оставаме да се пржи околу 5 минути, покриваме со капак. Потоа се додава меленото месо, и добро промешуваме да се запржи, Доставаме модар патлиџан и тиквичка пресечени на коцки,а потоа и една лажица доматно пире. Пржиме уште 5 минути,промешувајќи повремено.
2. После 5 минути, кога е омекнат зеленчукот, ги налеваме ренданите домати и водата. Зачинуваме со сол и црн бибер. Покриваме со капак и оставаме да се динста околу 1 час на тивко. Ако го варите во кукерот ставете на програма за манџи. Летната манџа е готова и превкусна за јадење.
Служете со некоја лесна салата.
Нека ви е на здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови