Летна доматна манџа (со шампињони и ориз)
Лесна и за правење и за јадење, особено сега за време на жешките летни денови кога поради жештините бараме побрз начин за да приготвиме брзо и превкусно предјадење или главен лесен оброк, како што е оваа летна манџа. Брза, вкусна, освежителна, ароматична и посна, ете таква е оваа летна манџа, која мене лично најмногу ми се допаѓа добро изладена.
Подготовка
1. Во тенџере на оган го загреваме маслото и го пропржуваме неколку минутки оризот (претходно добро измиен). Го додаваме и лукчето, ситно исечкано - пропржуваме. Потоа ги додаваме шампињоните (јас ги лупам) исецкани на тенки листови. И нив ги пропржуваме 5 минутки. Доматите исецкани на помали парчиња ги блендираме. Овој доматен сок го додаваме во тенџерето.
2. Додаваме и 1 литар вода, 1 зеленчукова коцка за супа, 1 м.л. шеќер, па посолуваме и зачинуваме по вкус. Манџата се вари кратко време на умерена температура, односно се додека не се свари оризот.
Забелешка - Оваа манџа е еднакво вкусна, доколку се послужи и ладна и топла, изборот е ваш.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани